Во богатите земји најмногу се умира од рак

381

Срцевите болести веќе не се водечка причина за смрт во богатите земји. Сега тоа е карциномот, којшто може да стане најголем светски убиец во наредните неколку десетлетија, предупредуваат научниците.

Преку два обемни научни труда во медицинското списание „Лансет“, се изнесуваат податоци за новата „глобална епидемиолошка транзиција“ меѓу различните видови хронични болести. Срцевите заболувања засега остануваат водечки причинител на смртноста кај средовечните луѓе во дел од светот, и на нив отпаѓаат 40 отсто од смртните случаи. Но, тоа веќе не важи за земјите со високи приходи, каде што ракот сега убива двојно повеќе луѓе отколку срцевите заболувања.

– Истражувањата открија дека ракот беше втор најчест причинител на смртта во светот во 2017. и на тоа отпаѓа 26 отсто од смртните случаи. Но како што стапката на срцевите болести паѓа, карциномот би можел да стане водечки причинител на смрт во голем дел од светот за само неколку децении – смета Жил Дагенес, професор во Универзитетот Лавал во Квебек, Канада, кој е раководителите на оваа научна анализа.

Најчести причини за смрт засега се високиот крвен притисок, нездравата исхрана и пушењето.

Од околу 55 милиони починати во светски рамки во 2017 година, околу 17,7 милиони умреле од кардиоваскуларни болести.

Земјите опфатени во трудот се Аргентина, Бангладеш, Бразил, Чиле, Филипини, Индија, Иран, Јужна Африка, Канада, Кина, Колумбија, Малезија, Пакистан, Полска, Саудиска Арабија, Шведска, Танзанија, Турција, Обединеттити Арапски Емирати и Зимбабве.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...