Трамп „војува“ со градоначалникот на Лондон на Твитер, а му го згреши и името

Ова не е првпат двајцата да си разменат навреди. Во јуни, Трамп го нарече Кан „ладнокрвен лузер“ бидејќи бил „глупаво одвратен“ кон него.

416
ФОТО: EPA / ANDY RAIN

Доналд Трамп не ги прими добро критиките на Садик Кан за тоа дека претседателот на САД игра голф додека ураганот Доријан прави хаос, пренесува „Метро“.

Тој му возврати на „неспособниот градоначалник на Лондон“, но му го згреши името.

– На неспособниот градоначалник на Лондон, Садике Кан, му сметало тоа што играв голф вчера. Многу политичари вежбаат со часови или патуваат со недели. Јас бев на еден од моите курсеви (многу нескапо). Претседателот Обама би летал на Хаваи. Кан треба да се фокусира на „нападите со нож“, што во Лондон се излезени тотално надвор од контрола. Луѓето се плашат да одат по улици. Тој е ужасен градоначалник кој треба да не се меша во нашите работи – напиша Трамп, а потоа ги избриша пораките и ги објави повторно со вистинското име на Кан.

Ова не е првпат двајцата да си разменат навреди. Во јуни, Трамп го нарече Кан „ладнокрвен лузер“ бидејќи бил „глупаво одвратен“ кон него.

Градоначалникот на Лондон го нарече Трамп „дете од 190 центиметри во Белата куќа“ и го опиша како „момче на постер за расисти“ кои се „опседнати“ со него.

ФОТО: EPA / ANDY RAIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...