По масовните убиства, нема повеќе продажба на муниција во Волмарт

94

Компанијата Волмарт соопшти дека ќе престане да продава муниција за пиштоли и некои автоматски пушки во продавниците ширум САД, како одговор на неодамнешните масовни убиства во Тексас и Охајо.

Волмарт, најголемиот американски продавач на оружје, како и другите корпорации, се повеќе се вклучува во дебатата за оружје и безбедност.

Компанијата, како и нејзините конкуренти „Фред Мејер“ и „Дикс спортинг гудс“, веќе ја прекина продажбата на автоматски пушки и ја зголеми староста на купувачите на 21 година.

Американската банка минатата година соопшти дека повеќе нема да дава заеми на компании кои произведуваат воено оружје за цивили, додека авиокомпаниите Делта и Јунајтед наведоа дека веќе нема да даваат попусти на Националното здружение за оружје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...