Новиот министер ја исполни желбата на Трамп, 127 проекти оштетени

Трамп  прогласи вонредна состојба за да ги искористи воените и другите сојузни фондови за изградба на ѕидот, откако Конгресот обезбеди само 5,5 милијарди долари што претседателот ги бараше.

263
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер одобри употреба на 3,6 милијарди долари од планираните средства за воени проекти за изградба на ѕидот долг речиси 282 километри долж границата со Мексико. Од првиот ден на својот мандат ѕидот кон Мексико го бара американскиот претседател Доналд Трамп, пренесоа американските медиуми.

Официјални претставници на Пентагон не сакаа да откријат кои 127 проекти ќе бидат оштетени, но кажаа дека деталите ќе бидат познати денеска кога за ова ќе биде информиран Конгресот, додаваат американските медиуми.

Според нив, половина од парите ќе дојдат од воени проекти во САД, додека остатокот од парите ќе дојдат од проекти во други земји.

Трамп  прогласи вонредна состојба за да ги искористи воените и другите сојузни фондови за изградба на ѕидот, откако Конгресот обезбеди само 5,5 милијарди долари што претседателот ги бараше.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...