Владина работна група ќе го решава проблемот со дефицитарните технички струки

345

Работна група во која ќе членуваат претставници од повеќе министерства, до 1 октомври треба да достави конкретни предлог-заклучоци за дефицитарните технички струки на пазарот на трудот, одлучи Владата на денешната седница.

Одлуката е донесена откако се разгледа Информацијата за проблемите и потребите на техничките факултети од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

„Оваа Информација и заклучоците произлезени од неа дојдоа како резултат на средбата на вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за образование Арбер Адеми и заменик-министерот за финансии, Ширет Елези, со претставници од сите технички факултети на УКИМ: Машински факултет, Архитектонски факултет, Градежен факултет, Технолошко-металуршки факултет, ФЕИТ и ФИНКИ. На средбата беа разгледувани можностите за надминување на недостигот од висок стручен кадар, можностите за решенија за ниските плати на техничкиот кадар, како и за подобрување на условите за одржување на предметната настава со соодветна опременост на техничките лаборатории“, информира владината прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...