Во полициската станица Штип синоќа било пријавено дека во паркот „Суитлак“ на ул. Генерал Михајло Апостолски маж лежи на тревната површина од паркот и во рацете држи пиштол.
МВР информира дека лицето со возило на Брза помош е пренесено во Клиничка болница-Штип, каде што од страна на дежурен лекар е константирано изместување на лактот на раката, а по санирање на повредата ќе биде задржан на психијатриското одделение при Клиничка болница Штип.
Полициски службеници во СВР-Штип константирале дека станува збор за Р.П. (43) од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.