Охридскиот хотел „Пела“ ги модернизира капацитетите и услугите со поддршка на Проектот за локална и регионална конкурентност

883

Хотелот „Пела“ во туристичката населба „Свети Стефан“ во близина на Охрид, преку Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) ги реновира и модернизира постојните капацитети и услуги. Вредноста на потпроектот е 12.484.230 денари, при што  хотелот учествува со 6.327.008 денари, додека ЕУ и Владата учествуваат со 6.157.222 денари.

Понуда на нови забавни содржини за туристите

Дали знаете што се „СУП“ даски? СУП е кирилична транскрипција од англискиот „SUP“ или „Standup Paddleboarding“, што значи „стоечко веслање на даска“. Спорт на вода којшто вклучува даска, на која стои едно (или две) лица во вертикална  положба, а движењето се остварува со помош на весло. Ова е релативно нов вид рекреација на мирни води којшто се здоби со голема популарност во последниве неколку години низ цел свет.Токму ваков вид забавни содржини, меѓу другото, ќе понуди хотел „Пела“ на брегот на Охридското езеро, којшто преку Проектот за локална и регионална конкурентност – ПЛРК ги реновира и модернизира постојните капацитети и услуги.

По спроведување на потпроектот се зголемува задоволството на туристите

Сопствениците и менаџментот на хотел „Пела“ лоциран во туристичката населба „Свети Стефан“, преку овој потпроект всушност имаат за цел да го зголемат бројот на туристи и времето на нивниот престој преку модернизација на хотелот и понуда на услуги со врвен квалитет. Во рамки на потпроектот се спроведуваат следните активности:

  • Реновирање на ресторан и други делови во хотел „Пела“;
  • Изработка на интернет страница и софтвер за директна резервација и плаќање;
  • Набавка на велосипеди и oрганизација на велосипедски тури;
  • Набавка на СУП даски и развој на активности на отворено на Охридското езеро;

Вредноста на потпроектот изнесува 12.484.230 денари, при што хотелот учествува со 6.327.008 денари, додека ЕУ и Владата на РСМ учествуваат со 6.157.222 денари. Потпроектот сè уште е во фаза на спроведување,  а сопствениците велат дека ќе постигнат одлични резултати во неколку различни сегменти, а пред сè во зголемување на задоволството на туристите.

„Со активностите коишто ги спроведуваме, ги подобруваме доживувањата и искуствата за организираните и независните активни туристи.. Воедно, во хотелот се добредојдени и семејства со мали деца, како и туристи со домашни миленичиња, “, објаснуваат сопствениците на „Пела“.

Зголемениот број на гости во „Пела“ значи бенефит и за локалната економија

Од хотел „Пела“ потенцираат дека преку понуда на сместување со подобар квалитет, услугите во новиот атрактивен ресторан, велосипедите и СУП даските наменети за гостите во хотелот ќе се збогати и зголеми севкупната туристичка понуда на дестинацијата Охрид – Струга – Преспа.

Уште една можност за туристите создадено преку овој потпроект е директна резервација и плаќање на сместувањето преку нивниот веб сајт.

Преку настапите на културно – уметничките друштва во заедницата на странските гости ќе им бидат презентирани нашата богата култура и традиција. Зголемениот број гости во хотелот директно придонесува за зголемени набавки од нашите локални добавувачи“ – објаснуваат од хотелот „Пела“.

Според нив, потпроектот е иновативен затоа што хотел „Пела“ е прв угостителски објект на охридската ривиера којшто нуди користење велосипеди и СУП даски за своите гости што се вклучени во цената, а воедно и прв хотел во дестинацијата на чијшто веб сајт гостите сами ќе можат да си извршат резервација и плаќање за сместувањето без посредници (на пр. booking.com и сл.)

Проектот за локална и регионална конкурентност е водечки проект за развој на туризмот во Македонија

Преку проектот за локална и регионална конкурентност што се финансира од страна на Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија се спроведуваат околу 50-тина потпроекти во повеќе општини, микро и мали претпријатија и асоцијации кои работат во областа на туризмот. Преку проектот се обезбедени грантови за 15 локални микро и мали претпријатија за развој на нови или подобрување на квалитетот на постојните туристички производи и услуги. Проектот го администрира Светска Банка, а истиот се спроведува од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...