Џенифер Лопез наместо мускулите, ги покажа гаќите ФОТО

Со косата фатена во пунџа се симнувала по скалите кога во еден момент дувнал ветар и ѝ го отворил здолништето. Папараците точно во тој момент ја фотографирале славната пејачка.

8330

Пејачката и актерка Џенифер Лопез (50) со свршеникот, поранешниот играч на бејзбол Алекс Родригез (44) пристигнала на роденденот на светската кошаркарска ѕвезда Меџик Џонсон (60).

Пензионираниот кошаркар прославата ја подготвил во Сен Тропе, во хотелот „Ники бич“.

Џеј Ло повторно се облекла провокативно. На себе имала кратка, бела блуза која ѝ ги прекрила градите, но ги истакнувала извежбаните стомачни мускули на латино дивата. Со тоа искомбинирала долго, лелеаво здолниште со бели точки. Со косата фатена во пунџа се симнувала по скалите кога во еден момент дувнал ветар и ѝ го отворил здолништето.

Папараците точно во тој момент ја фотографирале славната пејачка па наместо нејзините стомачни мускули, вниманието го украле минијатурните гаќи на пејачката.

Нејзиниот партнер Алекс се одлучил за обична комбинација, бела маица и бели панталони, кои ги комбинирал со патики. На забавата пристигнал и актерот Самуел Л. Џексон (70).

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...