Кривична за Јосифовски за хакирање на Централен регистар

455

МВР поднесе кривична пријава против поранешниот пратеник од НСДП Љубомир Јосифовски. Од полицијата соопштија дека пријавата е поднесена за кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”, по собирање на материјални докази и претрес во неговиот дом.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во Бирото за јавна безбедност при МВР по претходно доставена пријава од страна на Централниот регистар на Република Северна Македонија и консултација со надлежен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, го лиши од слобода Љ. Ј. (46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”.

Во координација со судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР извршија претрес во дом во Скопје.

По обезбедување на материјални докази и комплетирање на постапката, против Љ. Ј. ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”, предвидено и казниво по чл.251 од КЗ на РСМ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...