Англиската актерка Џули Ендрјус доби Златен лав за животно дело на 76. Венециски филмски фестивал.
Џули Ендрјус (83), холивудската легенда, препозналива по улогата на Мери Попинс во истоимениот филм, е добитничка на наградата за животно дело на Мостра 2019.
Актерката, која освои Оскар во 1965 година за улогата во „Мери Попинс“ го бакна „лавот“ додека ја примаше наградата и се слушаа овации од публиката.
– Бев почестена што поголемиот живот му го посветив на филмот. Во кариерата играв многу добри улоги во многу добри филмови – изјавила Ендрјус.
Џулија ја започнала кариерата како дете ѕвезда на лондонскиот Вест Енд, пред да стане славна со улогите на Бродвеј. Препознатлива е и по улогите во филмовите „Моите песни, мои соништа“, „Виктор/Викторија“ и „Дневникот на принцезата“, а во 2018 година и во блокбастерот „Аквамен“.