Манекенката ужива во луксузот, дизајнерската облека и патува по светот. За сето тоа, всушност, е заслужен нејзиниот сопруг, рускиот олигарх Александер Лебедов, бидејќи Лена растела во најтешка сиромаштија во Новосибирск. Нејзиното семејство било толку сиромашно така што слатките им биле вистински луксуз.
На 16-годишна возраст Лена го напуштила семејниот дом, а со тогашното момче, почнала да препродава дрога. Набргу полицијата ја уапсила Лена и била осудена на шест години затвор. Освен тоа, го кажала името на главниот дилер, така што ѝ се заканувале со смрт.
Нејзините очајни родители му се обратиле на Лебедев за помош, кој тогаш работел на програма за помош на сведоци. Поранешниот припадник на КГБ и олигарх, решил да ѝ помогне на Елена.
Го искористил своето влијание и ја извадил Лена од затвор. По неколку години, 27 години постариот милијардер се венчал со Елена. Тој ѝ нашол добар адвокат, а подоцна тврдел дека врската со 27 години помладата девојка не ја започнал тогаш, туку неколку години подоцна.
Неговиот син од првиот брак е дури осум години постар од Елена. Таа по излегувањето од затвор почанала да се занимава со манекенство, па дури и позирала за „Плејбој“.
Денес има три деца со Лебедев и е целосно посветена на семејството.
FOTO: Instagram/Printskrin