Се урна дел од телевизиска кула во Германија, три лица загинаа

Платформата паднала од висина од 50 метри.

399

Три лица загинаа откако врз нив утрово падна дел од телевизиската кула во северниот дел на германската држава Хесе.

Полицијата во германската држава Хесе денеска потврди три смртни случаи откако се урнал подвижен дел од телевизиската кула. Платформата паднала од висина од 50 метри.

На почетокот на летото беше соопштено дека за потребите на радиодифузерот ќе биде поставена уште една антена, но засега не е познато дали тоа е поврзано со денешниот инцидент.

Истрагата е во тек.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...