Приведен поранешниот пратеник Љубомир Јосифовски

3746

Поранешниот пратеник Љубомир Јосифовски синоќа бил приведен и однесен на распит во полициската станица Беко.

Според неофицијални информации на телевизијата, Јосифовски се поврзува со делото „неовластено навлегување во компјутерски систем“. Наводно, се истражува неовластено навлегување во компјутерскиот систем на Централниот регистар.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во Биро за јавна безбедност при МВР на РСМ, на 02.09.2019, по претходно доставена пријава од страна на Централниот регистар на Република Северна Македонија и консултација со надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, го лиши од слобода лицето Љ. Ј. (46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, предвидено и казниво по чл.251 од КЗ на РСМ, информираат денеска од МВР.

Јосифовски беше пратеник на НСДП во претходниот паламентарен состав.

Против него, по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...