Најбогатиот маж на светот не ги тргнува рацете од љубовницата: Поради неа ја остави жената која го сакаше и кога немаше пари!

Двојката во моментот е стационирана во Венеција, каде уживаат во шопингот и романтичните прошетки, а папарацо фотографите ги следат во чекор, а имаат и што да видат.

948

Најбогатиот човек во светот и основач на „Амазон“, Џеф Безос (55), во моментов ужива на крстарење на Медитеранот на луксузна јахта, а друштво му прави девојката Лорен Санчез (49).

Двојката во моментот е стационирана во Венеција, каде уживаат во шопингот и романтичните прошетки, а папарацо фотографите ги следат во чекор, а имаат и што да видат.

Имено, Безос и Санчез буквално не ги симнуваат рацете еден од друг, па на скоро сите фотографии разменуваат нежни допири, бакнежи и насмевки. Очигледно е дека оваа љубов ги радува и дека тие се задоволни што конечно можат да ја покажат пред целиот свет, бидејќи некогаш беше тајна.

Имено, тие за прв пат се појавија во јавност како двојка на овогодинешниот Вимблдон, три месеци откако беше објавено дека овој милијардер се разведува, токму поради атрактивниот Лорен.

Безос објави дека се разведува од својата сопруга на 4-ти април, ставајќи крај на бракот кој траеше цели 25 години.

Само еден ден подоцна, 49-годишната Лорен откри дека ставила крај на претходниот брак со Патрик Витсел.

Безос својата слобода и можноста непречено да ужива во љубовта со Лорен скапо ја платил – разводот го чинеше 38,3 милијарди долари, како и 19,7 милиони акции од „Амазон“.

Но, очигледно, овој финансиски удар не му паднал тешко, со оглед на тоа што тој неодамна купи три луксузни апартмани на Петтата авенија, кои ќе ги спои во еден, а на својата нова избраничка ѝ дал одврзани раце и паричник да го уреди како што ќе посака.

Фотографиите можете да ги погледнете тука.

FOTO: Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...