Во Обвинетелството за гонење организиран криминал во моментов тече распитот на бизнисменот Ардијан Амзоски од Струга. Тој е син на сопственикот на фирмата „Дрим Билдинг“ од Струга, која неодамна соопшти дека на Меѓународниот сојуз му исплатиле околу 260.000 евра за стратешко партнерство и деловна соработка.
– „Дрим билдинг“ ги исполни во целост своите обврски од договорот, а за жал Меѓународниот сојуз и Јасна Мандиќ не го испочитувале договорот. Бидејќи Меѓународен сојуз и Јасна Мандиќ одбија да ги вратат парите кои им беа платени, Дрим Билдинг поднесе тужба пред Основниот суд Скопје, соопшти тогаш фирмата.