Високиот суд во Белград ја потврди првостепената пресуда со која во април Лука Лазукиќ беше осуден на условна казна од осум месеци затвор со рок на проверка од три години поради физичкиот напад на поранешната сопруга, новосадската пејачка Наташа Беквалац во април 2018 година.
Со оваа одлука отфрлени се сите жалби и пресудата е правосилна.
Условната пресуда значи дека ако Лазукиќ во рок од три години изврши ново кривично дело или ја прекрши мерката забрана за приоѓање на сопругата, ќе се активира извршување на затворската казна, велат од судот, пренесува „Танјуг“.
Лазукиќ е осуден за кривично дело семејно насилство, за кое е предвидена затворска казна од три месеци до три години затвор.
На Беквалац, како што смета обвинителството, тој ѝ нанел лесни телесни повреди во ноќта помеѓу 12. и 13 април 2018 година.
Лука Лазукиќ и Наташа Беквалац ја имаат ќерката Катја, која во февруари оваа година наполни една година.
FOTO: Instagram/Printskrin