По оставката, министерот за внатрешни работи го замени грузискиот премиер

68
ФОТО: EPA / PATRICK SEEGER

Владејачката партија Грузиски сон го именува министерот за внатрешни работи Гиорги Гахари на функцијата премиер, јавија денеска руските медиуми повикувајќи се на изјава на претседателот на партијата.

Грузискиот премиер Мамука Бахтаѕе вчера поднесе оставка, истакнувајќи дека ја исполнил својата мисија.

– Создадена е рамката за развој и затоа одлучив да поднесам оставка, бидејќи верувам дека досега ја исполнив својата мисија – напиша тој на Фејсбук профилот.

Бахтаѕе им се заблагодари на сите министри и на основачот на владејачката партија Грузиски сон, Биѕина Иванишвили за поддршката и соработката, нагласувајќи дека останува нејзин член.

Бахтаѕе ја предводеше Владата на Грузија од јуни 2018 година, а претходно беше министер за финансии.

Според законот, по оставката на премиерот, целиот кабинет поднесува оставка. Министрите ќе продолжат да ги извршуваат своите обврски додека не се формира нова влада.

ФОТО: EPA / PATRICK SEEGER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...