Општина Гевгелија донира 400.000 денари за санација на опожарената зграда

64

.Советот на Општина Гевгелија донесе одлука за донирање на 400.000 денари од општинскиот буџет кои ќе бидат наменети за санација на опожарената зграда во Гевгелија на 30 јули годинава.

Со одлуката се предлага парите да бидат издвоени за реконструкција на целиот станбен простор од шестиот кат на зградата, со вкупна површина од околу 300 метри квадратни, каде со сета покуќнина и опрема изгореа четири стана во сопственост на физички лица и два стана на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.

Претходно,веднаш по пожарот Општина Гевгелија за оштетените семејства обезбеди првична парична помош во височина на една просечна плата,времено сместување на станарите кои останаа без покрив над главата, неколку работни акции за расчистување на опожарениот простор, како и неколку хуманитарни акции за собирање парична помош.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...