Што се случува кога ќе изедете 12 сливи дневно?

Антиоксидантите од сливите ги уништуваат слободните радикали кои може да додведат до оксидирање на холестеролот, кој значајно го зголемува ризикот од мозочен удар или од висок холестерол.

1652

Ако секој ден изедете 12 сливи, во текот на два месеци, значајно ќе го намалите нивото на лошиот холестерол во крвта, тврдат научниците. Покрај тоа, ќе ги зајакнете коските и ќе го намалите ризикот од заболување од рак на дебелото црево.

Антиоксидантите од сливите ги уништуваат слободните радикали кои може да додведат до оксидирање на холестеролот, кој значајно го зголемува ризикот од мозочен удар или од висок холестерол.

Сливата изобилува и со влакна и затоа е неопходен избор во случај на отежнато празнење и на запек. Дихидрокси-фенил изатин е еден од состојките на сливата, поради кој, помеѓу останатите, ова овошје има лаксативен ефект.

Има податоци кои укажуваат дека 100 грама сливи дневно во период од три месеци значајно ги зголемуваат маркерите во крвта кои покажуваат зголемување на густината на коските.
Сливите имаат низок гликемски индекс, што значи дека можат да помогнат во контролата на нивото на шеќер во крвта и така да го намалат ризикот од дијабетес тип 2. Тие можат да го намалат и нивото на триглицеридите и гликозата во крвта, а за тоа е заслужен луеинот. Исто така, флавоноидите во сливите го намалуваат ризикот од отпорност на инсулин, а позитивно влијаат и на инсулинската чувствителност.
Сливите се богат и бакар. Тој минерал во човечкиот организам е одговорен за создавање на сврзувачките протеини на ткивата – колаген и еластин. Затоа може да се каже дека сливата е важна не само за јакнење на коските, туку и на ѕидовите на крвните садови, мускулните влакна и кожата.

Во оваа ддоба од годината сливите би требало да се јадат свежи бидејќи содржат витамини Ц, Б6, Б2, Б3, К, магнезиум, калциум и дури 240 мг на 100 грама калиум. Калиум во сливите имаат добро влијание на крвниот притисок, како и на здравјето на срцето. Овој минерал е одговорен за да не дојде до згрутчување на тромбоцитите, процес кој е причина за атеросклероза и за други болести на срцето.

Една свежа слива во просек содржи 113 мг калиум. Овој минерал помага при контрола на висок крвен притисок, а со тоа го намалува ризикот од мозочен удар, а ова летно овошје е познато и по своите благодети по дигестивниот тракт и забрзување на метаболизмот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...