Забрана за „Хари Потер“ во католичко училиште во САД, свештеник смета оти може да се повикаат зли духови

94
ФОТО: EPA / PAUL MILLER

Католичко училиште во американската сојузна држава Тенеси ги отстрани книгите „Хари Потер“ од своите бибилиотеки бидејќи училишниот свештеник смета дека оние кои ги читаат, можат да повикуваат зли духови.

Свештеникот Ден Рихил од католичкото училиште „Сент Едвард“ консултирал „истерувачи на демони” од САД и Рим и вели дека тие го советувале да ги тргнат книгите.

– Клетвите и обредите во овие книги се вистински клетви и обреди, кои кога еден човек ќе ги изговори, постои ризик да повика зли духови – образложи Рихил.

ФОТО: EPA / PAUL MILLER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...