Извештајот за разрешувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева собранискиот спикер Талат Џафери му го достави на Илија Димовски, претседател на собраниската Комисија за избори и именувања, а во текот на утрешниот ден се очекува да биде закажана и седница за расправата.
Изештајот, како што дознаваме, по препорака на Советот на обвинители е класифициран како доверлив материјал и затоа на самата седница која ќе ја закаже претседателот на собраниската комисија се очекува да падне одлука дали таа ќе биде отворена или за разрешувањето на Јанева ќе се расправа зад затворени врати.
По завршување на комисиската расправа, Џафери ќе закаже пленарна седница за разрешувањето на Јанева, а потоа одлуката на пратениците ќе ја потврди и Советот на обвинители.