Могерини: Ќе зажалиме доколку Балканот наскоро не влезе во ЕУ

Таа го наведе примерот со прашањето на името на нашата земја оценувајќи дека тоа се постигна со залагањето на Атина и Скопје и со константна поддршка и охрабрување од ЕУ.

365

Шефицата на европската дипломатија во заминување Федерика Могерини ја повика Унијата да го задржи силното присуство на Западен Балкан за остварување на јасниот интерес-воведување на целиот Балкан во ЕУ.

– Убедена сум, доколку тоа не го сториме, дека ќе зажалиме веќе за неколку години – порача Могерини.

Во своето обраќање на годишната конференција на амбасадорите на земјите членки на ЕУ, во Брисел, Могерини оцени дека влезот на Западен Балкан во ЕУ е прашање на повторното обединување на целиот европски континент и дека тоа му е потребно како на Балканот, така и на ЕУ.

– Имаме јасен интерес да го воведеме целиот Балкан во ЕУ. Сите знаеме дека е тоа долг, комплициран, секогаш интересен и разигран процес што ќе бара доста време, решавање на проблеми и многу политичка преданост од сите страни и одлучност – наведе Могерини.

Таа го наведе примерот со прашањето на името на нашата земја оценувајќи дека тоа се постигна со залагањето на Атина и Скопје и со константна поддршка и охрабрување од ЕУ.

– Истото важи и за целиот Балкан. Ќе ни треба храброст, лидерство и упорност, како и тоа таму да го задржиме нашето константно присуство, што значи секој еден ден – нагласи таа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...