Протестите во Хонг Конг прераснуваат во екстремно насилство, смета Кина

150
ФОТО: EPA / ROMAN PILIPEY

Настаните од Хонг Конг  „целосно го надминаа обемот на слободата на демонстрирање“ и прераснуваат во „екстремно насилство“, соопшти портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, пренесе ДПА.

– Неодамнешните демонстрации имаа за цел да го оспорат владеењето на правото и социјалните права во Хонг Конг, заканувајќи се врз безбедноста на граѓаните и сериозно го оспорија принципот „една држава, два система“ – изјави портпаролот Генг Шуанг.

Тој додаде дека Пекинг ја поддржува лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, во нејзините напори да управува со градот според законот и ја поддржува градската полиција во напорите да го врати редот, јави ДПА.

ФОТО: EPA / ROMAN PILIPEY

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...