Покрај концертите, пејачката Џенифер Лопез пронашла и дополнителни извори на приход. Пејачката направила бренд од своето име, секој дел од телото добро го осигурала и зароботила добри пари од тоа.
Според пишувањата на американските медиуми, се проценува дека вредноста на Џенифер Лопез денес е 360 милиони долари, а освен на концертите, пејачката заработува огромни пари на годишно ниво и на сметка на совршеното тело.
Таа си го осигурала задникот на 27 милиони долари. Покрај чевлите што самата ги дизајнира, Лопез советува и како да ги негувате стапалата. Секоја минута појавување на нејзините нозе во рекламата чини милиони долари, тврдат американските медиуми.
Модните брендови ѝ плаќаат од 200.000 до 500.000 долари за да прошета црвен тепих во нивна креација. Таа исто така снимила и реклама за нега на косата, и тоа ѝ го платиле 2,9 милиони долари.