Селма Хаек слави роденден во минијатурно бикини: Наполнив 53 години, па што? ФОТО

Сексапилната актерка го најави славењето на роденденот со фотографија на која позира во минијатурно тиркизно бикини.

3311

Една од најубавите холивудски актерки, Селма Хаек, денеска наполни 53 години. Иако многу актерки се обидуваат да изгледаат добро, Селма баш и не мора претерано да се грижи за својот изгледа благодарение на добрата генетика.

Судејќи според фотографиите што ги објавува на својот Инстаграм-профил, актерката изгледа фантастично. Таа пред роденденот објавила фотографија во тиркизен костим за капење од плажа и ги воодушевила сите со својата фигура.

Костимот за капење ги истакнал добро познатите бујни облини на актерката, која под фотографијата напишала: „Утре полнам 53 години. Па што?“. Селма очигледно со оваа порака сака да стави до знаење дека не се плаши од годините, и дека тие не ѝ можат ништо.

Очигледно убавата актерка е задоволна од својот живот, но и од изгледот.

FOTO: Instagram/Printskrin

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...