Димитров: Главната разлика во преговорите е опфатот на употреба

Работата е да се најде дистинкција што ќе помогне да се реши овој проблем, од нашата држава Македонија во однос на регионот „Македонија“ во Грција, бидејќи географскиот регион „Македонија“ е барем во три државим вели министерот Димитров.

368

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за емисијата „360 Степени“ во врска со тековните преговори за името рече дека во Виена бил постигнат значителен условен напредок, но се уште остануваат отворени и без решение најтешките теми, како што се грчкото барање за промена на Уставот на Република Македонија и опфатот на употреба на новото решение.

Тој потврди дека од четирите клучни елементи во преговорите (новото сложено име, опфатот, именувањето на јазикот и на државјанство), се уште еден стои како разлика, што влијае и на другите.

– Во нашата цел да се постигне поголема дистинкција бидејќи тоа го бара Грција, во интерес на нашата иднина, отворање на вратите, инвестирање во ова пријателство со соседот, нас ни е важно да не го чепнеме идентитетот, бидејќи тоа не можеме да го менуваме со договор, ниту било која било политика сегашна, идна, мината, може тоа да го направи, и тука имаме сигнали од Виена, после тоа, сега, коишто одат во добар правец. Меѓутоа многу е важно ова решение да биде одржливо, а за да биде одржливо тоа мора да биде достоинствено и се уште имаме разлика во елементот на опфатот. Мислам дека е важно кога се мерат чекорите и идниот договор, да се води сметка за сегашниот правен режим и договорот да се мери според реалноста, каква е сега, а не во однос на почетните преговарачки позиции, бидејќи почетните преговарачки позиции можат да бидат и многу далеку од реалноста – рече Димитров.

Затоа, посочи тој, е многу важно да знаеме каква е ситуацијата сега, а сега ситуацијата со опфатот е многу јасна, ние меѓународно имаме на некој начин двојна формула. – Референцата ПЈРМ ја употребуваат една третина од земјите членки, во сите релевантни меѓународни организации сме главно со таа референца… и ова е точка од која треба да се мери финалниот резултат и суштината на договорот. Мислам дека во проекциите на тоа што сега се разговара, ако има политичка волја, може да се најде, можеби со степен на креативност, начин како да се допрат и нивните главни интереси, а да си ги зачуваме и нашите главни интереси. Тука е главниот предизвик, како тоа да се направи, истакна Димитров.

Во однос на барањето за ерга омнес, министерот рече дека нашето име е Македонија, и тоа не може никој да го испреговара или да го менува.

– Работата е да се најде дистинкција што ќе помогне да се реши овој проблем, од нашата држава Македонија во однос на регионот „Македонија“ во Грција, бидејќи географскиот регион „Македонија“ е барем во три држави – додаде министерот Димитров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...