Дваесет и тригодишната Владислава Трокхимчук од Киев не покажа ни трошка каење за време на судењето. Дури се насмеа кога ја осудија на осум години затвор, бидејќи намерно ги изгладнувала децата и го убила синот Даниел, пренесуваат медиумите.
Таа ги оставила децата 11 дена без храна и вода, за да им посвети внимание на љубовникот и нивното дете.
Нејзината тригодишна ќерка Ана успеа да преживее благодарение на тоа што пиела вода од ваза.
Децата гладувале 11 дена, а за тоа време јаделе тапети, гипс и сопствениот измет. На ѕидовите се пронајдени траги од заби, децата очајнички се обидувале да излезат.
Според поранешниот сопруг на Владислава, Алексеј, нејзината свекрва се обидела да влезе во станот, но немала клуч. Токму таа ги нашла децата по 11 дена.
– Ана лежеше на креветот и спиеше. Ја разбудив и и дадов сирење и банана, па ја држев во прегратки. Како да беше некој страшен сон – вели таа.
Како што пренесуваат медиумите, Владислава планирала да ги изгладне децата, за потоа да ги фотографира и да ги стави на социјалните мрежи. Се надевала дека со приказна оти нејзините деца имаат опасен тумор, ќе можела да допре до пари. Ова било изнесено на суд.
Според извор од полицијата, таа се забавувала додека децата се мачеле.
– Не можам да пронајдам изговор за себе. Секогаш го сакав најдоброто за моите деца. Сонував дека ќе студираат, дека ќе живеат подобро од мене. Не можам да разберам зошто Бог ми го зеде синот, а мене ме стави во притвор – кажала мајката на суд.
Штом била донесена пресудата, таа почнала да се смее и да ракоплеска.
Наводно, се очекува жалба со која казната би била поголема, доживотна.
Ана е дадена на посвојување, а мајката монструм штом излезе од затвор, ќе може да ја одгледува ќерката Софија.