И Лила Филиповска на распит кај Русковска за „Рекет“

1237
ФОТО: Инстаграм

Познатата водителка Лила Филиповска утрово пристигна во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Таа е повикана на распит за случајот „Рекет“.

Филиповска беше во автомобилот заедно со Бојан Јовановски-Боки 13, кога беше уапсен на граничниот премин „Богородица“, како осомничен во „Рекет“.

Во истрагата „Рекет“, која почна со апсењето на Јовановски, досега има тројца осомничени и сите се во притвор. Меѓу нив е и специјалната обвинителка Катица Јанева.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...