Асад скриен во руска база, американски воени бродови на пат кон Сирија

Според аналитичари, сириската политика моментно ја водат Руси и Иранци, а Асад не комуницира со никого за да не се открие каде се наоѓа.

3353

Сирискиот претседател Башар ал-Асад побегнал во руската воздухопловна база Хмејмим и се наоѓа во просторија без прозорци, додека американски воени бродови се привлижуваат кон брегот на Сирија, јавуваат светските медиуми.

Руската новинска агенција „РИА новости“ наведува дека седум американски воени авиони извеле набљудувачки мисии.

Набљудувачки авиони на американската морнарица се забележани во близина на руските бази во Сирија, на источниот Медитеран крај брегот на Сирија, каде се сместени руската воздухопловна база Хмејмим и приморската база Тартус.

Неименуван извор тврди дека сирискиот претседател е виден како ја напушта претседателската резиденција во Дамаск во придружба на руски воени единици. Според аналитичари, сириската политика моментно ја водат Руси и Иранци, а Асад не комуницира со никого за да не се открие каде се наоѓа.

Американскиот џиновски носач на авиони Хари С. Труман исплови во средата од пристаниште во Вирџинија, со 90 авиони на палубата, следен од борбена група од четири разурнувачи и еден крстосувач.

Во близина на брегот на Либан е француската фрегата Аквитан, која е опремена со крстосувачки проектили способни за ракетен напад врз воени цели во Сирија.

Рускиот амбасадор во ОН се закани дека Русија ќе ги соборува американските проектили, но и дека ќе ги гаѓа платформите од кои ќе бидат лансирани.

Руската морнарица во близина на Сирија во моментов има две фрегати од класата Адмирал Григорович, кои се опремени со крстосувачки проектили, и вкупни 10-15 воени и помошни бродови и подморници.

Американскиот претседател Доналд Трамп сѐ уште не издал наредба за напад врз цели во Сирија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...