СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.Д. (46) од Гостивар поради основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ и „убиство во обид“.
Како што информира полицијата, пријавениот е лишен од слобода утрово во 5.40 часот.
Ѓ.Д. денеска, утринава во 03 часот, во стан во зграда на улица Илинденска во Гостивар со нож ја усмртил С.Т. (78) и се обидел да ги усмрти и С.Р. (54) и Б.Р. (60), поради наводен паричен долг од Б.Р. кон Ѓ.Д, информира МВР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.
loading...