Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски, апелира на зголемена будност и совесност на населението поради алармантната состојба со пожарите на отворен простор на територијата на цела држава. Посебно повикува, сите граѓани строго да се придржуваат кон забраната за движење во шумите.
„Во исто време, упатувам апел до градоначалниците и единиците на локална самоуправа, да ги мобилизираат сите свои персонални и материјални ресурси, со цел превентивно и оперативно дејствување. Општините по претходно направена проценка, да вклучат и волонтери во справувањето со огнената стихија“, наведува Џаферски во писмното соопштени до медиумите.
Директорот повикува и надлежните институции максимално да се вклучат и бескомпромисно да ги спроведуваат своите законски надлежности.