Поранешниот сопруг и се придружи на Белучи на црвениот тепих

2124

На годинешниот филмски фестивал во Венеција, една од ѕвездата беше и убавата италијанска актерка Моника Белучи.

Во долг, црвен фустан таа се појави синоќа на црвениот тепих, на премиерата на обновениот филм „Отпозади“, во кој во 2002 година глумеше заедно со веќе нејзиниот поранешен сопруг, актерот Венсан Касел.

По некое време на црвениот тепих се појави и Касел, кој се поздрави со поранешната сопруга. Моника цело време се смешкаше, но гледаше директно кон фотографите.

Моника и Винсан беа во брак од 1999 до 2013 година и имаат две ќерки Дева и Леони.

Венсан Касел во Венеција дојде со три децении помладата сопруга Тина Кунаки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...