Ш.Т. (49) од Мариово денеска го загубила животот откако се превртела приколката на тракторот во кој се превезувала со својот сопруг Б.Т.
Според МВР, несреќата се случила во атарот на село Рапеш, Мариово, а е пријавена претпладне во 10.40 часот.
Додека Б.Т. и Ш.Т. се превезувале со тракторот со приколка, приколката се превртела, при што Ш.Т. починала на самото место.