Заев: Со Русија сакаме да градиме пријателство

Ние, како што посочи тој, не влегуваме во НАТО за да отвораме војни. Напротив, ние сме за мир, вели Заев.

286

Со Русија сакаме да градиме пријателство, ние сме православни земји, имаме поврзаност со културата, со Охридската архиепископија, имаме многу заеднички работи кои треба да бидат мост за градење на дополнително пријателство. Но за нас нема друга алтернатива освен членството во ЕУ и НАТО, изјави премиерот Зоран Заев вечерва во интервјуто за ТВ 24 вести.

Ние, како што посочи тој, не влегуваме во НАТО за да отвораме војни. Напротив, ние сме за мир.

– Наши војници се учесници во НАТО мисиите во Авганистан, во Босна и Херцеговина за да го зачуваме мирот. Македонија е горда на сите овие мисии и верувам дека Руската Федерација нема да го ограничи правото на преку 75 отсто од граѓаните со некоја непромислена работа затоа што ние сме одлучиле да бидеме членка на НАТО – истакна Заев.

Во врска со протераниот руски дипломат, Заев рече дека тој недозволиво се однесувал во Македонија, дека бил предупредуван неколку пати, но и натаму вршел активности за кои не бил акредитиран и оти доказите ѝ биле презентирани на амбасадата на Русија.

Тој посочи дека верува во европските вредности и дека Европа треба да се донесе во Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...