Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оцени дека односот на министерката за правда, Рената Дескоска, е основната пречка што преговорите за Законот за јавно обвинителство не се завршени.
– ВМРО-ДПМНЕ се залага за правда, а Дескоска за политички договор. Жалам што министерката за правда на моменти се прерава во министерка за неправда. Толкав гнев кон ВМРО-ДПМНЕ јас не сум сретнал. Таа во секој поглед гледа да ги минира преговорите. Таа е основната пречка е што тие преговори не завршија. Нашата позиција е јасна а тоа е правда и правдина без разлика на политичката припадност. Тој што се огрешил пред законите, тој треба да сноси одговорнсот низ фер судски процес. Позицијата на Дескоска е политичка и има за цел пресметка со ВМРО-ДПМНЕ. Затоа не можеме да ги доближиме преговорите – рече Мицкоски.
Тој смета дека планот Б за начинот на донесување на Законот за јавното обвинителство е правно погрешен кој, вели, ќе направи услуга на неправдата.