Жена е убиена во нејзиниот дом во Гостивар

707

Избодената жена починала, а двете други лица, еден маж и една жена, се пренесени на скопските клиники.

Неофицијално, мотивот за убиството се нерасчистени долгови.

Според информациите од СВР Тетово, околу 3.50 часот било пријавено дека во стан на улицата Илинденска во Гостивар има повредени лица со остар предмет. Полициски службеници кога пристигнале на местото, констатирале дека повредени се 78- годишната С.Т., 54 годишната С.Р и 60 годишниот Б.Р. Трите лица биле пренесени во гостиварската болница за укажување на медицинска помош, кадешто 78 годишната жена им подлегната на повредите и починала. Двете повредени лица биле пренесени на скопските клиники.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...