Двајца се повредени во тепачката во гостиварската гимназија

Две лица вработени со други две лица кои не биле вработени во училиштето, во дворот на гостиварската гимназија започнале расправија која набрзо прераснала во физичка пресметка.

399

Четири лица го нарушиле јавниот ред и мир во дворот на средното општинско училиште Гостивар, по што две лица завршиле со телесни повреди.

Од СВР Тетово потврдуваат дека случајот кај нив го пријавил вработен во училиштето попладнево околу 16 часот. Според првичните сознанија, две лица вработени со други две лица кои не биле вработени во училиштето, во дворот на гостиварската гимназија започнале расправија која набрзо прераснала во физичка пресметка.

По пријавата, полициски екипи излегле на местото на наршувањето, разговарано е со дел од учесниците во нарушувањето и се работи на расветлување на поединостите и кој се учествувал и кои се мотивите.

Од политичката партија Алијанса за албанците во соопштение до јавноста наведуваат дека повредените се професори во училиштето и дека нападот има политичка заднина и реваншизам.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...