Кирацовски: „Рекет“ па „Рекет“, дај престанете веќе!

Пратеникот од СДСМ Александар Кирацовски на денешната собраниска расправа за изборот на новите министри во владата, побара да неговите колеги од опозицијата да престанат да ја спомнуваат аферата „Рекет“.

1997

– Дај престанете еднаш веќе со таа афера. „Рекет“ па „Рекет“! Јас ќе ви кажам дека првпат борбата против корупцијата во оваа држава почнува од страна на првиот човек во извршната власт, Зоран Заев, за разлика од времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт – рече Кирацовски.

Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ му порача дека Кирацовски е тој кој не треба да излезе на говорницава за да зборува на  тема „Рекет“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

loading...