Триесетипет годишниот Србин Самир Тузинац, вчера попладне извршил самоубиство во хотел во Турција, каде бил на меден месец со својата сопруга. Тој скокнал од терасата на шести кат од хотелската соба каде биле сместени, пренесуваат српските медиуми.
Србинот е од Нови Пазар, а причините за самоубиството сè уште не се познати.
Неговата сопруга со која бил во брак само неколку дена е во шок и полицијата се уште не ја сослушала.