СВР Битола поднесе кривична пријава против Т.Б.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Според полицијата, на 31 јули годинава на улицата Цветан Димов во Битола тој го довел во заблуда Ј.Н.(74), исто така од Битола, кој му дал 4 милиони денари и 500 американски долари, по што парите ги задржал за себе.