Баша: Еди Рама e уметник за измами

119

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија(ПД), Љуљзим Баша денеска сподели видео-порака против премерот Еди Рама,која ја започнува со костатацијата дека „Албанците денеска се многу посиромашни бидејќи се ограбени“.

Toj наведува дека „сиромаштијата,невработеноста,немањето можности доаѓаат од „грабежот што и се прави на Албанија од страна на Еди Рама со мала група клиенти“.

– Вашите пари, парите на Албанците ги крадат Еди Рама со семејството и пријателите. Се богатат оние на власт и богатите, се осиромашуваат обичните и незаштитените граѓани. Милијарди евра се украдени, злоупотребени и потрошени од страна на Еди Рама овие 6 години. Сите завршија во неговите џебови или потрошени за негови каприци, во фасади и луксуз, додека Албанците не можат да обезбедат леб. Албанците се без работа затоа што економијата и економските можности ги презедоа олигарсите и клиентите на Еди Рама“ – обивинува Баша во видео-пораката објавена на неговиот профил на Фејсбук.

Лидерот на ПД додава дека „Еди Рама е уметник за измами“.

– Се што вети, се што рече беше измама со цел да украде. Секој проект, секоја програма и политика е измама за Албанците во служба на олигарсите. За да се ослободи економијата и да се создадат работни места и можности за секој Албанец, мора да ги отстраниме психичкиот крадец(Рама) и неговата банда крадци – завршува Баша.

Тој во претходната видео-порака наведе дека сите „меѓународни извештаи укажуваат на Еди Рама како најкорумпиран премиер на Балканот“ и оти во неговото шестгодишно владеење во земјата нема ниту една странска инјвестиција. Според него Албанија и Северна Кореја се единствените земји на планетата без нови странски инвестиции во последните 6 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...