Тортевски: Ми нудеа поткуп да „забошотам“ постапка против функционер

1985

Адвокатот Александар Тортевски, тврди дека во времето додека бил советник во СЈО, му бил нуден поткуп од 50.000 евра.

За Канал 5 вели парите му биле нудени преку посредник, а станувало збор за во тоа време актуелен функционер кој стравувал дека ќе стане дел од предметите на специјалното обвинителство.

Обидот за поткуп, Тортевски вели дека го пријавил на состанок во СЈО, пред целиот колегиум, но и на Катица Јанева. За настанот тврди дека има и службена белешка која е во обвинителството, но поради притворот на Јанева не е во можност да ја добие.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...