Претседателката на Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска, добила закана по живот на социјалните мрежи, откако вчера, на седницата на Советот побарала од советниците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ да го отстранат сонцето од Кутлеш залепено на нивните лаптопи, бидејќи со тоа се прекршува законот, пренесува СДК.
Порталот пишува дека расправата почнала вчера, кога советниците на опозицијата имаа залепени слики од сонцето од Кутлеш и со тоа демонстрираа дека се против политиките на сегашната власт.