Колевски: „Рекет“ фрла дамка врз целата јавнообвинителска функција

269

 Новоизбраниот претседател на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски, денеска оцени дека случајот „Рекет“ во кој осомничена е и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, фрла дамка врз целата јавнообвинителска функција.

– Верувам дека колегите преземаат се што е во нивна моќ и во нивна надлежност да го расветлат овој случај кој морам да признам дека фрла темна дамка врз целата јавнообвинителската функција- изјави Колевски, одговарајќи на новинарски прашања по неговото именување на фунцијата.

Ацо Колевски денеска едногласно беше избран за претседател на Советот на ЈО со двегодишен мандат.

Изборот на новиот претседател доаѓа ден по одлуката на Советот на ЈО да почне постапка за разрешување на СЈО Катица Јанева порад случајот „Рекет“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...