За опозицијата „Рекет“ е ајвар Мамас, за власта – унгарски гулаш

952

Пратениците од опозицијата и од власта голем дел од денешната собраниска седница наместо за изборот на новите министри ја посветија во меѓусебни препукувања за случајот „Рекет“. За ВМРО-ДПМНЕ нема сомнение дека во случајот е вмешана и власта, додека СДСМ побараа темелна истрага.

– Мене „Рекет“ ми личи на унгарски гулаш подготвен во белата палата, со лице од странство. Дајте шанса на обвинителството да ја заврши истарагата. Направивме се за да добиеме датум за ЕУ, а тоа на ВМРО-ДПМНЕ им е најмногу криво – рече Горан Мисовски од НСДП.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски одговори  дека нему повеќе му личи на ајвар алудирајќи на замешаност на функционери од власта.

– Ова мене ми личи на ајвар „Мамас“, повеќе супстанци измешани и кога ќе се праша кој учествувал во правењето не може да се види што има внатре, па експерти од Италија требаше да се вмешаат да видиме кој е замешан – рече Мицевски.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...