Евровизија следната година во Ротердам

248
ФОТО: EPA / ABIR SULTAN

Јубиларното натпреварување 65. Песна на Евровизија следната година ќе се одржи во Ротердам, соопшти денеска ЕБДУ.

Во трката помеѓу холандските градови за организирање на Евровизија, Ротердам успеа да го победи конкурентот Мастрих.

Полуфиналните вечери ќе се одржат на 12 и 14 мај, а големото финале на 16 мај во арената „Ахој“.

– Ротердам покажа голем ентузијазам и ангажман, а во исто време има права инфраструктура за да биде домаќин на делегации од повеќе од 40 држави – изјави извршниот продуцент на Песна на Евровизија, Јон Ола Санд.

Холандскиот пејач Данкан Лоренс победи на овогодинешната Евровизија во Тел Авив. Холандија првпат по 1975 година ќе биде домаќин на Песна на Евровизија, а до сега петпати беше организатор на музичката манифестација.

ФОТО: EPA / ABIR SULTAN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...