ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Заев

584

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, Трајко Вељановски и Ане Лашкоска побараа премиерот Зоран Заев да си поднесе оставка и да се оди на предвремени парламентарни избори, наместо да предлага нови министри.

Тие ова го побараа во реплика на говорот на премиерот, додека за предлозите за новите министри рекоа дека ќе зборуваат во своите говори.

– Правниот систем не е разнишан, туку разнесен. Се знае кои министри договарале процедури во судските постапки. Најдобро во овој момент и за земјата и за граѓаните и за економијата и за СДСМ е што побрзо да заврши оваа политичка агонија. Време е да поднесете оставка и не мора да го поврзете тоа со ваша политичка или морална одговорност – нагласи Димовски.

Заев во контрареплика направи паралела на криминалот во времето на ВМРО-ДПМНЕ и последните случувања со „Рекет“ за време на владеењето на неговата партија.

– Во тоа време, кога се случувале ваков облик на криминал, се случуваше владејачката партија да ја сочува телевизијата затоа што е владина. Сѐ се изнаслушав во бомбите. За разлика од тогаш, премиерот е пријавител на случајот „Рекет“. Тоа е сериозен предизвик за сите нас – рече Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...