За нови членови на владата предлагам Парламентот да ги избере Нина Ангеловска за министер за финансии и Хисен Џемаили за министер без ресор за инвестиции, рече премиерот Зоран Заев претставувајќи ги новите кандидати за членови на Влада на денешната собраниска седница.
Тој потенцира дека Ангеловска има 31 година, во 2010 дипломирала на економ факултет со најдобар успех и дека дел од одлуката таа да биде новиот министер за финансии е нејзиниот успех и да упати апел до младите да останат во државата и да преферираат на високи позиции. Тој потенцира дека таа за три години станала доктор на науки и дека професионалната кариера ја почнала со основањето на Групер.
За Џемаили, премиерот рече дека тој имал долготрајна политичка и академска кариера. Дека доаѓа од тетовскиот универзитет и оти во политичка кариера бил пратеник и советник.
– Ангеловска и Џемаили верувам дека ќе дадат импакт на економијата. Економјата се движи во добар правец и треба да ги искористиме сите капацитети кои ги имаме, да ги задржиме младите во државата и да заличиме на нормална земја кон што стремиме. Верувам дека ќе бидат сериозно засилување во Владата – рече Заев.