Точи: Алијансата го поддржува штарјкот на наставниците

329

Бројот на наставници во РСМ, само во основните училишта во учебната 2018/19 година беше 16.290 и имајќи го предвид бројот на наставници и во средните училишта, овој сектор е убедливо со најголем број на вработени.
Луѓето кои се сметаат за ‘рбет на општеството се донесени во ситуација кога секоја учебна година тие мора да го користат штрајкот како единствен механизам за допирање до свеста на оние на кои им недостасува таа свест преку цела година, рече пратеничката Арта Точи од Алијанса за Албанците.

-Одговорноста за ваквата позиција на наставниците е на партијата што со години го водеше ова министерство. Од 2002 година до денес имало само промена на министрите на ДУИ, но немало промена на позицијата на наставникот. Во оваа прилика, го потсетуваме сегашниот министер дека тој не може да ги замоли наставниците првиот ден на училиште да биде ден на радост за оние кои со своите плати ја немаат таа можност да уживаат со своите деца – рече Точи.

Таа додаде дека наставниците имаат најниски плати во регионот. Просечната плата на наставниците во Албанија е 477 евра, во Косово 459 евра, додека кај нас е 365 евра.

– Му предлагаме на министерот наместо да ја зголеми платата за 1.000 денари да ги усогласи платите на наставниците со оние на регионалните земји, бидејќи останавме последни. Алијансата за Албанците, како политичка партија го поддржува штрајкот на наставниците и нивните барања за подостоинствена позиција во општеството. Ние посветивме посебно внимание на ова прашање во програмата на Одделот за образование на политичката академија на АА преку која се залагаме дека со наше доаѓање на власт, наш приоритет ќе биде да го ставиме наставникот во заслужена достоинствена позиција – рече Точи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...