Американскиот режисер Џоел Шумахер (80), режисерот на филмовите „Бетмен засекогаш“ и „Фантом од операта“, тврди дека досега спиел со 20.000 мажи.
Познатиот режисер отворено зборувал за сè во интервјуто за „Vulture“, а со своите одговори го шокирал дури и новинарот кој го интервјуирал, пренесуваат странските медиуми.
– Спиев со помеѓу 10.000 и 20.000 мажи. Имав секс со познати, со женети, и сето тоа ќе со понесам со себе во гроб. Никогаш не сум зборувал за никој кој ми ја пружил таа чест со мене да дели кревет – изјавил Шумахер, кој додал и дека „геј не е за маж“.
– Сега има многу геј мажи кои стапуваат во брак, и со жени и со мажи, имаат деца или посвојуваат. Кога бев млад, немаше ништо од тоа, изјавил режисерот.
Многумина сметаат дека токму поради овие ставови на Шумахер, филмот „Бетмен и Робин“ доживеал голем неуспех.
Шумахер вчера наполни 80 години.